- Software as a Service (SaaS): Cloud софтвер како услуга им овозможува на клиентите да ги користат услугите на подесување и користење на апликации кои се наоѓаат т.е. се инсталирани на инфраструктура на давател на услуги или провајдер на услуги. Тоа значи дека провајдер го обезбедува потребниот хардвер (сервери, мемории, процесори и сл.), а истовремено и апликацијата која на клиентот му е потребна.
- Platform as a Service (PaaS): Cloud Computing како услуга претставува модел каде што клиент корисниците ги користат апликациите кои се купени или развиени од лицата вработени во самата (нивната) компанија – од сопствен тим, а во Cloud ја користат платформата која ќе ја подржи нивната апликација. Во овој случај, клиентите немаат контрола над хардверот од провајдер, туку само над својот софтвер кој се наоѓа некаде во Cloud.
- Infrastructure as a Service (IaaS): Овој Cloud Computing модел или Cloud инфраструктура претставува таков модел каде што клиентите ги добиваат на располагање хардвер и технологијата во вид на процесорска снага, простор на диск, оперативен систем и слично. Не постои можност за контрола на самиот хардвер, но може да се управува со оперативните системи, простор на диск, апликации и во посебни случаеви да се изберат некои дополнителни опции од провајдерот, како на пример, Firewall – заштитен ѕид и слично.
Thursday, March 7, 2013
Сервисни модели на Cloud computing
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment